Отпадни води истекуваат од колекторскиот систем во населбата Свети Стефан во Охрид и директно се влеваат во Охридското Езеро.
Непријатна миризба се шири во околината и покрај почетокот на туристичката сезона и се поголемиот број на капачи.
Проблемот со колекторот беше нотиран и во најновиот нацрт извештај на УНЕСКО во кој се препорачува Охрид да биде ставен на листата на загрозени подрачја.
За да не го загуби комплетно статусот во УНЕСКО, се бара да се реши проблемот со колекторот, но локалната власт во Охрид наместо со колекторот и решавање на позначајните барања се зафати со корнење на палмите покрај кејот.


Повеќе фото ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.