Страв, паника и чувство на несигурност кај жителите од Албанија после катастрофалниот земјотрес. Со оглед на тоа дека по разорниот потрес тлото не се смирува семејствата масовно се иселуваат плашејќи се да останат во нивните домови, пренесува „Сител“.

Дел од охридските хотели, вили и приватни апартмани ги отворија портите и нудат бесплатно сместување и храна.Околу 60тина жители на Драч моментално се сместени во Охрид, но бројот според Црвениот крст се очекува и натаму да расте.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека семејствата кои моментално се сместени покрај Охридското езеро се лица од најзагрозениот дел во Албанија каде имаше најмногу жртви и материјални штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.