По еден позитивен тест од вечерта на 19 јануари и вториот негативен од 21 јануари, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков е во изолација до 28 јануари.

Сепак, овој момент е спорен за Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој се повикува на владината Уредба од 22 април 2020 година, каде стои дека секој што се тестирал се задолжува со самоизолација додека се чека резултатот од тестирањето.

-Самоизолацијата преминува во домашна изолација, регулирана со решение од ДСЗИ, во оној момент кога лицето добива позитивен тест. Како гледате на тој момент, што на тој настан, присуствуваа илјадници граѓани? Тој дури имаше и средба со доста граѓани, функционери, амбасадори? Не можам да го коментирам. Тоа е неговото однесување. Јас само можам да ја образложам уредбата на Влада“, изјави директорката на ДСЗИ за АлсатМ.

Пецаков не отпатува за Бугарија, но останува прашањето за потенцијалната опасност од инфицирање за луѓето кои биле во негова близина и тие што контактирале тој ден со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.