Во Центарот за јавно здравје во Охрид не се вршат тестирања за Ковид 19 со плаќање. Поради тоа голем број граѓани од регионот на Струга и Охрид кои треба да патуваат во странство се принудени прво да заминат за Скопје, Тетово или Битола, каде можат да се тестираат. Најчесто станува збор за иселеници, студенти, бизнисмени и превозници. Некои од нив се жалат дека губат време и пари за нешто што може да го завршат и во Охрид, ако државата подобро се организира, објави Алсат.

Претставуваше проблем бидејќи ми го кратеше времето за подготовка за Словенија. Ако не го направиме тој тест, ќе седиме карантин во Словенија. Има многу студенти кои исто одеа во Битола за да направат тест, вели Евгенија Бурназовска- студентка во Словенија.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.