Невладината организација Охрид С.О.С. која имаше свој преставник и обраќање на самитот на УНЕСКО во Баку, цени дека македонската влада „ја жртвувала можноста“ за меѓународна помош за спас на охридскиот УНЕСКО регион.

Според организацијата, сите стручни тела на УНЕСКО препорачале регионот да биде ставен на листата на загрзоено наследство, но Комитетот на крај донел „политичка“ одлука, менувајќи го оригиналниот текст на одлуката.

Бидејќи Комитетот не е стручно тело, тој ниту следи, ниту анализира, туку заседава 10 дена и одлучува – секоја делегација според своите интереси. Така, делегатите одлучија да пречкртаат параграфи од извештајот на Центарот за состојбата да изгледа подобра одошто е. Делегатите кои се обратија, како да учеле од исто ливче, го поддржаа „напредокот“ што македонската влада го постигнала до сега и се подрржуваа меѓу себе во поддржувањето на македонската влада. Под влијание на лобирањето на македонската влада во паника, се погрижиле сè што е суштински важно од извештајот на Центарот, да го отстранат, се вели во реакцијата на Охрид С.О.С.

Амандманот кој овозможи Охрид и Охридското езеро да не се најдат на листата на загрозено светско наследство го поднесоа Босна и Херцеговина, Бразил, Кина и Унгарија. Со него беше избришан параграфот 8, во кој се вели дека регионот и понатаму се соочува со несоодветен инфраструктурен развој.

Бидејќи на странските делегати не им е гајле дали Македонија ќе го запусти своето највредно природно богатство, дека фекалии ќе продолжат да пливаат во најстарото езеро на Европа, дека нашите деца ќе го гледаат бисерот како се претвора во жабокречина. Тие се политичари кои од својата позиција како членови на Комитетот одлучиле да зграбат придобивки за својата, не за нашата држава, реагираат од Охрид С.О.С.

Целата на реакција на Охрид С.О.С. можете да ја прочитате тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.