Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, а нема да изостане ниту организираниот пречек на Градскиот плоштад, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Според него, Охрид е туристички град и нема да трпи на украсувањето, ниту на новогодишната забава во која ќе уживаат охриѓани и туристите, иако е спротивно на владината одлука за штедење електрична енергија.

– Охрид е туристички центар. Јас се надевам дека нивните одлуки кои ги носат и менуваат од денес за вечер, неповрзано со енергетската криза, ќе почнат тие да ги почитуваат. А, пак ќе кажам, Охрид е туристички центар, што ќе го посетат огромен број туристи и секако градот нема да трпи, вели Пецаков.

Финансиската конструкција за новогодишната прослава и организираната забава за следниот ден, на 1 јануари била слична како минатата година, односно околу 12.000 евра.

– Украсувањето ќе биде слично како и минатата година, кога за таа цел, Општината издвои околу 12.000 евра во што влегуваат бини и трошоците за тридневна прослава. Годинава нема да биде само за новогодишната ноќ, туку и следниот ден. Буџетот ќе биде истиот, а програмата уште не е финализирана, истакна Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.