Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Во трите општини избирачот, покрај ливчето за претседател, добива и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори. За гласањето на локалните избори, избирачот се потпишува во изводот од избирачки список наменет за локалните избори.
Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на претходните градоначалници, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.
Вториот круг на предвремените локални избори за овие три општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.