Министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ја предизвикале тепачката во истражниот дел од затворот Скопје, тврди управата на Затворот. Директорот на затворот Ѓоко Котевски не сакаше телефонски да даде изјава за инцидентот, а во соопштението испратено до медиумите стои дека прв Споро Ристовски провоцирал, а 45 минути подоцна и Миле Јанакиески.

Иако инцидентот се случи во 13 часот, на затворот му требаа 4 часа да каже што се случило внатре.

Во соопштението стои:

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот лицето за време на редовна прошетка на свеж воздух дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на свеж воздух дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

После инцидентите за лицата С.Р. и М.Ј. веднаш се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар после што лицето С.Р. не побарало дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. се пожалило на болки поради што е упатено кон болницата 8 септември.

Управата на истражниот затвор Шутка ги најостро ги осудува ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и истото најостро ќе се санкционира. Истражниот затвор ќе ги преземе сите мерки и активности извршителите на физичко насилство да бидат соодветно санкционирани и во иднина, како и денес, ќе продолжи да постапува професионално и според сите мерки за безбедност предвидени во вакви ситуации.

Зошто 4 часа беа потребни за изјава за инцидентот кој се случи? Дали ова е официјално соопштение или пак се работи за партиска директива?! Пред некое време во затворот беше претепан и Јане Ченто, кој тврдеше дека затворскиот чувар го малтретирал, но и тогаш беше дадена изјава дека Ченто го предизвикал инцидентот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.