Дравната комисија за спречување на корупцијата и официјално ја донесе одлуката за наводите кои беа застапувани од СДСМ дека Христијан Мицкоски наводно незаконски се стекнал со имот и изградба на малии хидроцентрали. во Беровско и Пехчевско.

Во одлука ДКСК констатира дека таквите обвинувања се неосновани, односно поради недостик на докази нема потврда на наводите.

Врз основа на допрен глас за злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на Христијан Мицкоски, во периодот 2015-2017 година кога како светник на премиерот на Владата на Република Македонија од областа на енергетиката, член на надзорен одбор, а потоа и член на упрвен одбор и фенерален директор на АД Еектрани на Република Македонија влијаел при одлучувањето и избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 млади хидроелектрични централи, како и влијаел на разни согласности за долготраен закуп на грaдежно земјиште одобренија за градење итн., во корист на правното лице „Минка енерготек“ ДОО Скопје, каде Христијан Мицкоски има сопственички удел, СЕ ЗАПИРА поради непотврденост на наводите, стои во образложението.


Република дојде до документот на ДКСК, до кој можете да пристапите на овој ЛИНК


Во образложението на одлуката на Аникорупциската комисија понатаму пишува дека биле разгледувани мислењата и била чешлана документцијата од осум различни институции, министерства и агенции, при што ниту еден документ не го потврдува наводот дека станува збор за каква било злоупотреба.

Од обезбедените документи и даденото о бјаснување, видно е дека во периодот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда по Јавен повик за прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за изградба на 80 мали хидроцентрали, Христијан Мицкоски немал никаков ангажман од страна на Владата на РМ, ниту пак имал некаква функција во АД ЕЛЕМ, стои во образложението.

Наспроти тврдењата на СДСМ за постоење конфликт на интереси, Државната комисија за спречување на коруцијата констатира дека Христијан Мицкоски бил именуван за советник на премиерот дури девет месеци по објавата на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесија, односно дури една година по назначувањето за член на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ.

Воедно Држаната комисија за спречување на корупцијата констатира дека концесионерот, конзорциумот „Мина енерготек“ ДОО понудил цврста финансиска гаранција за своите намери, за што склучил и договор за долгорочен кредит со деловна банка.

Се истакнува, исто така, дека „од 1 октомври 2019 година Христијан Мицкоски воопшто не е сопственик на друштвото“, односно како што и самиот Мицкоски нагласи, тој излегол од овој бизнис и ѝ се посветил на политиката. Тој исто така, ги повика и останатите политичари да го следат неговиот пример.

Мицкоски кусо ја искоментира одлуката на ДКСК, велејќи дека нема лага на СДСМ која не се распрсна како меур од сапуница, и дека додека тие лажат ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и придонесува за државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.