Македонија во НАТО Алијансата е влезена со кодно име NM (North Macedonia). Според информациите до кои дојде Република, Постојаната Делегација на Македонија при НАТО во Брисел, пред осум дена била известена дека кратенката која се користи за Република (Северна) Македонија во НАТО е NM – North Macedonia.

Во дописот стои дека НАТО кодовите се изведени од првите букви од името на државата, според што, Македонија ја добива кратенката NM. Шифрите од две букви се користат за сојузниците на НАТО, а шифрите со три букви се користат за партнерите на алијансата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.