Кандидатот за воен претставник на земјава во НАТО, полковник Зоран Секуловски, една година од номинацијата не доби безбедносен сертификат од Aлијансата, па Македонија и ден-денес нема соодветен кадар за тоа место. Иако oд Алијансата не доби преодна оцена, за министерката за одбрана, којa го предложи, тој бил одличен уште во 2019 година, кога претседателот Стево Пендаровски го прифатил нејзиниот предлог и го испратил полковникот како главен македонски воен претставник во седиштето на НАТО.

Министерката засега не прифаќа лична одговорност за скандалот во кој е откриено дека Секуловски, но и уште еден македонски претставник се безбедносна закана за НАТО поради контакти со ривалски/непријателски служби/држави на алијансата по што тие се вратени дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.