„Република“ дознава од свои извори дека попладнево се одржала средба помеѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ДУИ Али Ахмети.

Средбата се одржала во Собранието и траела еден час. Било дискутирано за можностите за заедничка соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство. Повеќе детали од средбата засега не се откриваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.