Движењето „Одлучно за промени“ на политичките партии ЛДП и ДОМ започнува со официјална промоција денеска во 19 часот пред МОБ. На настанот на кој движењето ќе го означи стартот на изборниот караван 2021.

На официјалната промоција вечерва ќе говорат кандидатите за градоначалници на Битола, Горан Милевски, претеседател на ЛДП, Бени Шаќири за Скопје со д-р Никола Пановски, носител на листа на Град Скопје, Ѓулистана Марковска за Кисела Вода, Теодора Димитриовска на Куманово. Одлучни за промени се предлог 17 кандидати за градоначалници ширум земјава. Завршните говори ќе одржат претседателите на двете партии, велат од партијата.

„Одлучно за промени“ почнуваат во Скопје, потоа останатите денови до крајот на неделата ќе посетат повеќе општини низ земјава, Виница, Берово, Кисела Вода, Зелениково, Крива Паланка, Ранковце, Радовиш, Струмица, Крушево, Прилеп, Кичево, Демир Хисар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.