Рочиштето во судскиот процес против новинарот и уредник на порталот „Лидер“, Љупчо Златев, за оддавање на државна тајна е одложено за 23 ноември.

Причина за одложувањето е барањето на увид во предметот од страна на неговиот адвокат Драган Пешевски.

Обвинетиот Златев во изјава посочи дека е невин по ова обвинение.

Верувам дека судот ќе покаже прозападни вредности, продемократски и послободни вредности и ќе добијам ослободителна пресуда, затоа што јас не издадов државна тајна, туку издадов злоупотреба на тајните служби, изјави Златев пред судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.