Новинарот Бранко Героски од Плус инфо најави нов скандал во кој директно се вплеткани високи функционери – во случајов директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче, адвокатот на оштетена Вера Стојанова Звонко Давидовиќ тврди дека Обвинителството има доволно докази против посочените функционери, а тие, пак, молчат.

Ниту Дончев ниту Филипче за расположени да им одговорат на новинарите и да го соопштат својот став за обвинувањата.

Од Кабинетот на Дончев за Алфа кусо велат дека директорот својот став ќе го соопштел, ама не денеска, туку во наредните денови на прес-конференција. За Сител, пак, Дончев вели дека Ден Дончев ја подготвуваат обемната докуметнација за случајот и своите агрументи деновиве ќе ги соопштат на јавноста.

Министерот Филипче, пак, за истата телевизија преку порака одговара дека засега нема да коментира ништо и дека деновиве ќе излезел со став.

Ден Дончев во овие две години колку што е директор, одбива да дава отчет пред јавноста за она што се работи во ФЗО, па прес-коференциите што ги има одржано може да се избројат на една рака.

И на последниот брифинг со новинарите одби да даде изјава во камера, но не заборави неосновано да ги обвини оти дел од информациите што биле објавени не биле вистинити, а на дел од прашањата одговараше со „А што ве интересира вас тоа? Вие треба да ги информирате граѓаните за новините, а не да прашувате за постапките што се водат во позадина на проектите“, пишува Алфа.


Повеќе ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.