Безбедносниот систем во Македонија е полн со неспособни и корумпирани кадри кои се занимаваат со криминал, рекет на бизнисмени и следење на опозицијата, наместо со штитење на безбедноста на државата и уставниот поредок. Тоа е така затоа што власта на Ковачевски тоа им го дозволува, а веројатно и го поттикнува. Скандалот со доделувањето на државјанството на Онишченко е само уште еден показател. Овој случај покажува дека е нарушена безбедноста на Македонија и нејзиниот меѓународен имиџ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност за оваа афера треба да се бара до самиот врв на власта, односно до премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Спасовски и директорот на АНБ Димовски. Да потсетиме дека кога излезе случајот во јавноста и Ковачевски и Спасовски истиот го релативизираа и оправдуваа, за после соочувањето со реакцијата на јавноста невешто да сменат мислење. Затоа истрагата треба да се прошири и да се утврди дали тие знаеле и го одобриле доделувањето на државјанство на Онишченко кој што се наоѓа на црната листа на САД. Оттука логично се поставува прашањето колку случаи како Онишченко одобрила оваа власт, колку криминогени ликови добиле македонско државјанство и колку пари заработиле тие кои тоа го аминувале?

Јасно е дека власта на СДС и Ковачевски ќе пробаат овој случај да го забошотат и да побараат одговорност на некој службеник или чиновник исто како што тоа го сторија и со скандалот со 215 официјални пасоши доделени на белосветски мафијаши убијци и терористи.Нервозата во власта станува се поголемо, а со тоа и нивните грешки се се поголеми. За овој случај како и за сите други мора да има одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.