Граѓаните на социјалните мрежи револтирано коментираа за вчерашниот упад на полицијата во Вевчани и апсењето на маскираните карневалци.

„Јас не знам што се буните, баравте живот, живејте го сега, ви сметаше таканаречениот режим“, „Срамота, за останатите се е дозволено во оваа држава, за Македонците ништо“, „Хунта сака а и ќе направи војна“, „Еднаш казнуваат зашто не носат маска, сега у Вевчани зашто носат маски, значи стварно крајот не може да им се фати“, „Ојте Арачиново вака“, „Ова е прилика за Вевчани да прокламира независност од Северџанија“, „Ајдеееее Бучковски барал Вевчани да влезе во Анексот ( без Мукоски )“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

  

Кога Владата за своите во Штип е „мајка”, а за народот во Вевчани „маќеа“, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.
Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.

Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Јавноста се уште е гневна и од прославата на СДСМ по победата во Штип на предвремените локални избори кои се одржаа минатиот месец, кога власта на чело со Зоран Заев прославуваше без никакви протоколи, а работеа и неколку угостителки објекти во време кога е забрането да работат поради пандемијата со вирусот.

Се славеше и роденденот на Али Ахмети пред само неколку денови кога јавноста исто така беше гневна поради десетината функционери од власта кои во затворена просторија не носеа маски, ниту ги почитуваа мерките за заштита од коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.