Одбраната на Миле Јанакиески е разочарана од денешната одлука да се одбијат сите сведоци и докази со што тие се доведени во нерамноправна положба пред завршните зборови закажани за девети февруари.

Конкретно, во дополнението на доказната постапка како предлог до судот беше дадаено да се определи супервештачење од областа на геодезијата.
На главната расправа веќе беа изведени вештачења од Борис Тунџев и од Роска Пачемска. Одбраната на Јанакиески заради отстранување на противречностите бараше од судот да се направи супервештачење заради правилно утврдување на фактичката состојба.

Адвокатот Еленко Миланов вели дека и покрај тоа што имаат две спротивни вештачења судот не дозволил да се направи едно супервештачење од независни лица.

Тој посочува дека обвинителството посочува дека има материјална штета во овој случај, но материјална штета што е изразена во законска затезна камата која што е предвидена не може да се смета како штета.

Од друга страна економското вештачење кое што е направено но не излезе на виделина е дека со скратувањето на рокот за исплата на таа камата со евентуалното користење на благајнички записи или кредит од страна на државата за овие средства што ги користи во тој период, износот кој државата би требало да го плати за обезбедување на средства во буџетот наместо да ги користи овие средства е повисока од она што е исплатено како законска затезна камата за вака скратениот рок-објасни Миланов.

Во вербалните докази одбранат бараше да бидат обезбедени тројца сведоци, и тоа Сашо Срцев, Владимир Пешевски и Ацо Костадиновски, но и тоа не им беше овозможено од судијата Осман Шабани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.