Одбраната во случајот „Топлик“ на денешното рочиште побара изземање на поротникот Митко Сандев. Одбраната наведува дека кај овој поротник има конфкит на интереси бидејќи е член на политичка партија која е дел од власта.

Лицето Сандев е дел од статутарната комисија на Партијата на пензионери, која пак е дел од коалицијата предводена од Зоран Заев. Згора на тоа, Илија Николовски е пратеник од владејачката коалиција, наведе одбраната.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколкупати реагираа околу судијата-поротник за кого побараа од судот негово изземање, не само поради судир на интереси, туку и поради тоа што со навршени 60 години тој законски треба да оди во пензија, а е дел, не само во овој голем случај, туку и од случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Тука треба одговорност да има и обвинителот и судијата и поротниците зошто не биле ажурни. Случајот „Талир“ каде што учествува овој судија поротник е започнат 18 месеци по истекот на законскиот рок од СЈО. На насилен пат се води случајот. Зошто? За да може имотот на ВМРО-ДПМНЕ да биде замрзнат, сметката да биде во одреден период од партијата исто така блокирана, државата обврските кон ВМРО-ДПМНЕ оваа Влада да не си ги исполнува, предводена од СДСМ и Зоран Заев. Зошто? За да може Зоран Заев да има предност на избори, за тоа што нема како. Он нема проекти, он нема политики, он нема визија, он нема стратегија, единственото што му стои на располагање се заробените обвинители, штанцајте обвиненија и кривични пријави, судиите кои што му слугуваат неколкумина вклучително и оваа која што ја споменав Кацарска, кои што испорачуваат тоа што тој испорачува, и поткупот“, рече неодамна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претходно денеска одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ побара мислење од Антикорупциската комисија и поради назначувањето на вештакот Борис Тунгев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.