Од денешното рочиште каде сведочеше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски може да се заклучи дека се што тврди одбрана за набавката на софтверот е исто со тврдењата од самиот почеток – дека набавката е со одлука на Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија.
Целосно се согласуваме како одбрана со сведочењето на министерот Спасовски, точно е дека софтверот никогаш не беше нарачан од Министерството за внатрешни работи, туку од страна на Владата на Република Македонија.
Како што истакнавме, во декември во 2019 година донесена е одлука на Влада за набавка на денес спорниот софтвер. Тоа значи дека овој софтвер е набавен на барање, со одлука и за потребите на Владата. По набавката направен е и документ за технички прием што, исто така ја потврдува легитимноста на постапката и следењето на процедурите. Законитоста на набавката е поткрепена со сите документи, одлуки, дописи, технички прием.
Со помош на софтверот вршени се соодветни анализи, кои резултати постојат на серверите на Владата на Република Македонија.
Набавката е донесена во целосно законска процедура, од надлежен орган и е единствениот документ врз кој може да се спроведе јавна набавка. Одлуката е донесена од Генералниот секретаријат согласно со планот за јавни набавките, а врз основа на донесените одлуки согласно законите.
За ова постои и допис од Владата до Државното правобранителство каде се вели дека „донесените одлуки за набавка се во целост со овие законски одредби, односно Генералниот секретар е тој кој носи одлуки за јавни набавки“.
Од одбраната е побарано целата набавена опрема да се донесе во судницата за да се види дека постои и дека е исправна и функционална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.