Со презентација на докази на Специјалното јавно обвинителство, во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Титаник“.

Пред почетокот на главната расправа судијата Осман Шабани го одби барањето на адвокатите Димитар Дангов и на Дончо Наков за прекинување на постапката до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО.

Претседателот на судечкиот совет го одби и барањето на бранителот на дел од обвинетите Еленко Миланов за изземање на обвинителката Лиле Стефанова од предметот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.