Адвокатот Мерџан Даути, кој ја застапува градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска во предметот „ТНТ“, преку соопштение до јавноста се заблагодари што Адвокатската комора одлучи против него и против неговиот колега Димитар Дангов, нема да спроведе дисциплинска постапка по пријавата на судијата Огнен Ставрев.

Со огромно задоволство надеж и верба би сакал да го споделам Заклучокот од Адвокатската комора кој што е донесен во моја – наша полза и во полза на исполнување на правдата и праведноста, по предметот против мене поточно пријавата, а се однесува и се имплицира на тоа дека јас постапувам спротивно на Кодексот на адвокатската етика и дека воедно со моите дејствија сум сторил дисциплинска повреда како адвокат и воедно носител на исклучително тешка професија во овие бурни времиња. Заклучокот од АКРСМ е само уште едно признание дека јас како еден професионалец си ја вршам работата на највисоко можно професионално ниво. Како адвокат секогаш на прво место ќе ми биде Уставот, Законите и Кодексот за адвокатска етика и клиентот без разлика на национална, верска, расна, полова или пак било каква друга припадност. Балгодарен сум на исправната одлука од страна на АКРСМ, но исто така сакам да се заблагодарам во име на сите граѓани на оваа наша земја со што ни ја вративте вербата, силата, истрајноста со цел достигнување и задоволување на правдата.
Со овој ЗАКЛУЧОК го побивме фактот дека „Право е моќ на владеачка класа, а правдата е само желба“.
Ви благодарам на сите оние кои што веруваат во мене како еден професионалец, брат, татко, сопруг, пријател, сограѓанин, но ова е само почеток во воведот на ВИСТИНАТА, ПРАВИЧНОСТА, порача Даути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.