Во Крива Паланка сѐ што ветија не исполнија. Пред 4 години ветуваа гасификација, нова пречистителна станица, брана на селска река во Конопница, нов затворен пазар, катни гаражи, подземен паркинг. Ништо не исполнија. Така е и сега. Сѐ ќе ветат, а потоа ќе излажат. Затоа, одберете нова иднина и промени, поддржете го кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Рангелов и советничката листа. Заокружете број 7! – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вечерашниот митинг во Крива Паланка, каде беше претставен кандидатот за градоначалник Александар Рангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.