Од власта веќе никој не бара одговори, од нив бараме само одговорност. Мизерна неспособност! – коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница.

Тој синоќа замина во Кочани, каде граѓаните се бореа со огнот кој ја зафати околината на градот и почна да се шири во самиот град. Жителите на Кочани сами се обидуваа да се справат со пожарот кој поради ветарот брзо се ширеше. Иако барале помош од надлежните институции, помош не пристигнала. Дури синоќа, откако почнаа да горат куќи премиерот Зоран Заев со министри се упати кон Кочани, Скопје испрати противпожарни екупи, а Армијата прати свои луѓе на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.