Владата на Македонија тврди дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ кажува дезинформации оти биле спречени да дојдат на „Македониум“ денеска, на Илинден во Крушево каде што се слави празникот на Република Македонија. Според соопштинието од Владата ВМРО ДПМНЕ бил уредно поканети и потврдиле дека ќе дојдат, но не се појавиле.

Владата испрати уредни покани до целата јавност и до сите политички партии за настаните за Илинден во Крушево, а ВМРО-ДПМНЕ беа уредно известени за сите организациски детали, при што од нивна страна стигна потврда за учество.
На 31 јули 2019 во 21:36 сите делегации имаат добиено мејл со сите логистички информации поврзани со положувањето цвеќе на сите три локации (Македониум, Слива, Мечкин Камен) со понуда за организиран превоз. На 1 август во телефонски разговор најавија дека ќе потврдат учество, после што испратија информација за делегација со нагласување дека нема да користат организиран превоз и кои се возилата со кои ќе пристигнат. За жал, не се појавија да оддадат почит на гробот на Никола Карев на „Македониумот“, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.

Распоредот на седење на Мечкин Камен е по стандарди на протокол, при што во трет и четврт ред се сместени сите политички партии, вклучително и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ стана од сред настап од „Тешкото“ на ансамблот „Танец“ за да држи прес конференција на која изнесе дезинформации, со што покажа непочит кон Илинденската традиција (на Мечкин Камен традиционално се игра Тешкото) и кон Н.А. „Танец“, се вели во соопштението на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.