Од утре започнува вакцинацијата на наставниците кои ќе бидат ангажирани околу подоготовките и полагањето на државната матура која започнува на 5 јуни. Оваа група наставници е ставена во прироритетната листа за имунизација, на барање на синдикатот, имајќи предвид дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство на учениците и наставниците, но и дека е потребно барем еден месец за стекнување на имунитет.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) пред две недлеи ургираше во Министерството за образование под итно да биде составена приоритетна листа за сите наставници кои ќе бидат ангажирани во јунското полагање на матирата и испитите.

Наставниците кои нема да бидат ангажирани со јунските испити со физичко присуство веројатно ќе бидат оставени во групата за масовна имунизација преку пријавите на сајтот вакцинација.мк или преку матичните лекари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.