Чувствуваме одговорност за немиолиот настан и подготвени сме како агенција согласно законите доколку самите патници кои што вчера доживеаа сообраќајна несреќа побараат обештетување , тоа да го направиме.

Ова го велат од туристичката агенција Камелија турс за 24 Вести. Додаваат и дека тие само организатори, а додека друга агенција се јавува како превозник на патниците.

За потсетување, македонски туристи се повредени откако вчера патувајќи кон Копаоник, автобусот со кој се возеа се преврте на страна на автопатот Блаце – Белољин кој е во фаза на реконструкција во соседна Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.