И додека од земјите од соседството и регионот воопшто, слушаме вести како нема заболени подолг период или има само по некој случај, во Македонија состојбата е поинаква, вели доктор Игор Николов од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој додава дека власта кај нас само убедува дека ситуацијата е под контрола, а за каква контрола зборуваат си знае само „доктор“ Зоран Заев.

Фактите говорат нешто сосема друго, додава.

Еве ги фактите:

Во Македонија сè уште бројката на ново заболени се движи од 5 до 10 проценти од вкупно тестираните. Колку и да е мала бројката на тестови во едно деноноќие, а половина од истата отпаѓа на вработените во градинките во државава, процентот се движи помеѓу 5 и 10 проценти ново заболени.
Од темелен скрининг на населението, на ризични групи како медицински лица, возрасни и слично нема ни трага.
Најтрагично е кога слушате дека некој ни вели дека ситуацијата е под контрола, а слушаме дека има ново починати лица. И тоа не повремено, туку секој ден со одредена динамика има починати лица.
И се додека на некој поважна му е политичката функција од здравјето на народот резултати нема да има.
Многу е едноставно. Потребен е темелен, навремен и прецизен скрининг. Потребно е драстично да се намали број на ново заболени и да се детектираат класерите.
Потребно е здравјето на граѓаните да биде приоритет, а не функциите и политиката, порача Николов на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.