Студените на државните и приватните универзитети во Македонија од идната недела ќе ја продолжат наставата онлјан, соопшти денеска министерот за образование и наука (МОН) Арбер Адеми на прес-конфренцијата.

Од вчера во Македонија е прогласена вонредна состојба поради состојбата со коронавирусот во државата. До 11 часот наутро се регистирани 42 случаи.

Веќе втора недела нема настава во основните и средни училишта и на факултетите поради коронавирусот. Владата донесе одлука да се прекине наставата до 24 март, а министерот за здравство Венко Филиче најави дека е можно таа мерка да биде продолжена.

Во разговор со ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски – претседател на Интеруниверзитетска конференција и проф. д-р Томе Неновски претседател на Конференција на приватни високообразовни установи се договоривме дека најприфатливо е наставата од идната недела на факултетите да продолжи онлајн. Во следните денови сите инволвирани да вложат максимални напори и онлајн наставата да почне да се реалзира следната недела. Дел од факултетите веќе и применуваат таква настава, изјави министерот Адеми.

Адеми информираше дека во втора фаза ќе се размислува за оценување на студентите.

Ректорот Јанкуловски изјави дека се прават максимални напори да се разрешат состојбите, потенцирајќи дека на студените им се понудени неколку платформи за делчинско учење.

МОН не соопшти како ќе се решава наставата во основните и во средните училишта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.