Од теретаната Синерџи фитнес и спа ја демантираат веста која ја објавија некои медимуми дека наводно лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ги користел услугите на нивниот центар, иако е забранета работата на фитнес салите.

Од Синреџ фитнес и спа велат дека ова се злоуптребени стари снимки пред почетокот на кризата.

За лажните и компромитирачки вести кои се користат за политичка пресметка, а во која не сакаат да бидат замешани, од овој фитнес центар повеле постапки пред надлежните органи. МВР да провери од кога потекнуваат снимките и кој ги шири лажните вести со кои сакаат да им наштетат на нивната работа и стекнатиот углед, за да може да поднесат и соодветна тужба против сторителите за ширење на дезинформации.

Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихачка. Дечки повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година, туку сега што правиме со тендерите во Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, со пљачката која ја правите со новата акциза, со економската криза и нарушеното здравје на граѓаните. Незрелото однесување на СДСМ значи ново пробиено дно. Сосема на крај, сепак има разлика. Да, јас спортувам додека вие крадете. Да, јас планинарам додека вие ја срамите и распродавате Македонија и да, ќе продолжам да вежбам кога ќе се создадат услови, а вие сепак на крајот од денот ќе останете ситни луѓе и јас ве жалам!“. напиша Мицкоски на Фејсбук во врска со оваа лажна вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.