Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“.

За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е ‘DH’, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е ‘KS”.
Замената на старите регистарски таблички со новите „Северна„ ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите.

Во 2018 година, Македонската влада, предводена од претседателот Зоран Заев, по преговорите со грчката влада, предводена од претседателот Алексис Ципрас, се договориле името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на 11 февруари 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.