Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив била подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште, информира владината прес-служба.

„Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации. Овие цивили дојдоа во нашата земја преку планот за големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан”, се наведува во соопштението.

Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани, а од Македонија досега заминаа 128 лица на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.