Сите наши гранични премини се затворени за излез од државата за македонски државјани, како и за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.