Љупчо Николовски изјави дека директорот на струшката болница Мухамед Асани е разрешен по негова иницијатива, бидејќи нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните.

Додека останатите министри од светот поднесуваат оставки поради земање на одмор во време на пандемија вицепремиерот Николовски се шета на егзотични дестинации, дополнително и додека докторите не можат да земат одмор, тој и функционерите на СДСМ се шетаат на дестинации по светот. Ако релано се грижат за здравјето на граѓаните досега ќе имаше вакцини.

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски кажа дека директорот на струшката болница Мухамед Асани е разрешен, бидејќи нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните. Николовски вели дека бил во постојана координација со надлежниот инспекторат и биле преземени сите мерки во нивна надлежност.

Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност, напиша Николовски на Фејсбук, додавајќи дека во тек е истражна постапка по пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга.

Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.