Почина 60-годишниот хирург специјалист д-р Владимир Кочоски како последица на компликации со корона вирусот, дознава СДК.мк.

Две недели бил на лекување на Инфективната клиника во Скопје, по добиениот негативен тест неговата состојба нагло се влошила по што итно бил префрлен на КАРИЛ, но не успеал да се избори со компликациите кои ги предизвикал корона вирусот.

Доктор Кочоски е првата жртва од здравствениот персонал во Струшката болница, од вкупно досега 30-тина заболени медицински лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.