Тројца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на корона вирус, а денеска починаа неготинец на 40 и кавадарчанец на 84 години.

Како што потврдува за МИА, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, новозаболени се 52 лица во регионот на Тиквешијата, на возраст од 9 до 86 години. Во Кавадарци 28, Росоман 2, Неготино 17 и 5 лица во Демир Капија.

Денес, од страна на Општина Кавадарци се врши подготовка на земјиштето во кругот на Општа болница, за поставување на модуларна болница односно Ковид центар – соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.