„Мила Царовска вели ќе правам реформи во образованието, со тоа што ќе имам онлајн настава, ќе имам дигитализација каква што таа ја замислила дигитализација дека треба да биде. И на тој начин ќе ја решава работата. И излага после нив Стево Пендаровски кој што е претседател на државата вели дека не може да имаме квалитетна наука со онлајн учење. Сега чекајте, дали тие од власта ќе се синхронизираат или само кога ќе имаат партиски интерес тогаш се синхронизирани“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека ако во една држава нема квалитетно образование, тогаш државата нема ништо. Се трга од образованието.

„Се трга од образованието, за тоа кога зборуваме за Македонија и ВМРО во 21 век зборуваме за сериозна реформа во економијата која што ќе генерира приходи и кои што ќе бидат инвестирани во образованието и во одбранбениот систем на нашата држава. Само така можеме да имамте респектабилна држава и која што нема да биде во друштво Бангладеш и така натаму, туку ќе биде во друштво на Италија, Франција, Обединетото Кралство“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од Кембриџ и Оксфорд, државата спадна да универзитет од Габрово биде репер, образованието мора да биде врвен приоритет.

„Го уништија образованието од власта, децата се демотивирани“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека власта треба да разбере дека образованието е иднина, без образование државата нема напредок, нема ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.