На ставот на Димитров дека „рекет“ е важен за датумот за преговори со ЕУ, во пожарникарски манир реплицираше Пендаровски. За него, „рекет“ не бил клучен бидејќи институциите „постапувале соодветно“.

Имам неколку прашања. Прво, оваа изјава нели е мешање во правосудство? Второ, како Пендаровски оценил дека соодветна била реакцијата на институциите? Од каде знае што се има во случајот? Нели го дозна пред 2 недели и беше шокиран? Не се ли „дошокира“ на индициите дека има вмешани политичари, иако Јовевски претходно побрза да нагласи дека „нема политичари кои се вмешани“? Како што претходно и за Катица тврдеа (при апсењето на Тредичи и другиот) дека нејзината оставка немала врска со случајот? Како што не ја викаа на разговор иако гинеше и бришеше телефони, наредувала форматирање компјутери во СЈО, претресуваше обвинители по нивен распит во ОЈО и им се заканувала дека ќе го повлече надолу цело СЈО, каде претходно пукаа цевки и имаше поплави вз рекетираните и платени предмети?, пишува Богдан Илиевски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.