Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Универзитетските клиники постигнаа договор со Владата и ресорниот министер Венко Филипче за зголемување на платите на здравствените работници.

Според договорот, специјалистите од први февруари ќе добијат плати поголеми за 25 проценти, професорите за 20 проценти, општите лекари на контото ќе имаат плус 15 насто, болничарите 10 отсто и останатите здравствените работници по пет проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.