Од денеска стапува во сила Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот – информира на прес-конференција, министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Маричиќ посочи пример како би изледало тоа во пракса.

Ако се тужи осигурителна компанија за надомест на штета во вредност од три милиони денари, судската такса која треба да се плати е два отсто од вредноста на спорот. Значи, во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси да го даде максималниот изност од 48.000 денари. Сега според донесените измени давачката ќе биде само 6.000 денари, односно осум пати помалку.

Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба два отсто, одлука два отсто, жалба четири отсто, ревизија четири отсто). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку. доколку се жалите – појасни Маричиќ.

Тој посочи и еден пример кога се работи за долг од 15.000 илјади евра или околу 930.000 илјади денари.

Почнувате парнична постапка на суд, а судската такса е 2 отсто од вредноста на спорот. По старата такса, треба да платите 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платите само 6.000 денари – појасни министерот.

Тој додаде дека очекува оти ваквите промени да бидет во интерес и на адвокатите и вештаците, бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат да стигнат до правдата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.