Со рестриктивен режим на работење, изготвен од страна на Стоматолошка комора, а по препорака на Комисијата за заразни болести, денес започнаа со работа сите стоматолошки ординации во државава.

Стоматолошките здравствени установи кои се во мрежата, односно, избраните лекари стоматолози и лекарите специјалисти од дејноста орална хирургија, ортодонција и протетика покрај услугите кои ќе ги пружаат на осигурените лица, должни се да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа во услови на се уште постоечка закана од инфекција со COVID 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.