Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Македонија, велат за МИА од Управа за водење на матични книги.

Во врска со реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата посочуваат дека тоа било така, бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.

Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Македонија, велат од Управата за водење на матичните книги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.