Вакциналниот пункт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од денес почнува со работа и истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8 до 14 часот.

Вакциналниот пункт е сместен на приземјето на Економскиот факултет.

Како што појасни ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.