Датум за преговори имаме за 12 месеци, а вие може да пукнете што не го решивте ова прашање. Вака зборуваше Зоран Заев пред Парламентот во јули 2018 година.

Заев во јули 2018 во Собрание лажеше дека датумот за ЕУ е добиен, навредувајќи ги пратениците од опозицијата, истовремено манипулирајќи ги и своите гласачи и симпатизери.
Најголеми кловнови од ваквите лаги на Заев, и тогаш и денес, испаднаа министрите за надворешни и евроинтеграции, Османи и Димитров, кои климаа со главите додека Заев ги лажеше граѓаните.
Истите министри денес бегаат од дискусија во Собранието, додека премиерот продолжува со лажењето. Последната лага на Заев е дека тој веќе го подготвил македонскиот народ за блокадата и недобивањето датум. Брука!
Време е за оставки!, порача пратеникот Антонио Милошоски потсетувајќи на уште една од многуте лаги искажани од Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.