Штотуку завршив во Ранковце каде сретнав пријатни и искрени луѓе кои си ја сакаат нашата земја. И се повеќе граѓани ни се приклучуваат со помислата дека мора да се пременат работите и да се казнат политичарите кои толку долго лажеа и манипулираа со вистината и си поигурваа со нивните судбини. Земјоделието е опустошено,земјоделците со месеци ги чекаат парите за субвенции кои сега свесно на неколку дена пред изборите им ги пуштија, но овде велат кога не можеме да се избориме за она што ни следува, што остана за друго. Тие не живеат подобро, а никој од власта веќе не ги споменува и другите ветувања кои пред да дојдат на власт им ги даваа н овие луѓе, затоа што не се чесни. Затоа нашта битка во Ранковце и насекаде во Македонија е една иста, правда за Македонија. Првиот чекор за тоа е изборот на Гордана Сиљановска Давкова за Претседателка на Република Македонија, од 21 април почнува рушењето на деспотот и неговата власт – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Мицкоски пред присутните додаде дека СДСМ и Заев си поигруваат со маката и трудот на земјоделците бидејќи само неколку дена пред избори им ги исплатиле субвенциите на земјоделците, потсетувајќи дека тоа е обврска на државата а не добра волја на СДСМ и Заев.

-Земјоделието е опустошено,земјоделците со месеци ги чекаат парите за субвенции кои сега свесно на неколку дена пред изборите им ги пуштија, но овде велат кога не можеме да се избориме за она што ни следува, што остана за друго. Тие не живеат подобро, а никој од власта веќе не ги споменува и другите ветувања кои пред да дојдат на власт им ги даваа н овие луѓе, затоа што не се чесни, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Република Македонија не може да оди напред со политичари како Заев и Пендаровски, додавајќи дека додека тие одат напред со украдени пари од граѓаните, граѓаните секојдневно ја чувствуваат сиромаштијата и бедата.

-Да може Македонија вистински да оди напред , а не како што денеска ја гледаме Македонија како назадува, како оди назад, од ден на ден ние се враќаме назад а не одиме напред. Не е точно она кое што денеска Зоран Заев и Пендаровски Стево го пишуваат на нивните украдени плакати, билборди и реклами дека оделе напред. Да одат напред ама со вреќи полни украдени пари, ние одбиваме да одиме така напред. Ние сакаме да одиме напред достоинствено, честито со исправена глава заедно со богати граѓани и богата држава, кажа претседателот.

На крај Мицкоски порача масовна поддршка на 21 април и на 5 мај за кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова потенцирајќи дека само со нејзината победа е возможно враќање на правдата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.