По вечерашната средба на премиерот во заминување, Зоран Заев, со коалициските партнери, на која им го презентираше договореното со Алтернатива за нивен влез во новата влада, во „Тема на денот“ во „Дневникот на Сител“, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ја изрази својата загриженост за тоа дека од 19 министри во Владата, 10 се Албанци. Според него, тоа може да создаде проблеми во вкупните меѓуетнички односи во државата.

Се плашам тоа да не има рефлексија на вкупните односи на меѓуетнички план. Не сум сигурен околу ова прашање и мислам дека таа формула која е дефинирана во Охридскиот рамковен договор треба да се инкорпорира во Владата. Кога некој од ДУИ работи во некоја институција тие инсистираат 25% да бидат вклучени Албанци, а таму каде што раководи ДУИ, таму вработените најголем дел Албанци, многу повеќе од она што го предвидува рамковниот договор, рече Трајанов.

Исто така, додаде Трајанов, обидот да се направи вештачки баланс со воведување на нови министерства без ресор мислам дека нема помине кај граѓаните.

Претходно тој сподели и дека дел од барањата на Алтернатива се поврзани со случаите како „Диво насеље“ и „Монструм“:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.