Од први јули годинава ќе започне издавањето на патните исправи со новото уставно име, потврдуваат од МВР за „Фокус“.

Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта се уште е во собраниска процедура, велат од МВР.

Според неофицијалнитe информации на порталот, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.