Истиот ден кога го испративме Зоран Заев во Брисел да лобира, да се обиде да добие датум за  преговори, во Собранието добивме честитка од „Илинденска“ бр.2 – Предлог-закон за опојни дроги со европско знаменце, кој се фокусира на производство и трговија со марихуана, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хритијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „КланДебата“.

Тој го своето гостување посочи дека станува збор за лицемерие на Заев затоа што цела нација е во исчекување да државата добие датум за преговори.

Покрај сите арамилуци, криминалии што сте ги направиле, сите очи се вперени во вас и паралено со тоа се злоупотребува европскот знаменце за да донесе закон којшто се однесува на опојните дроги, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.