Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Република Македонија и му посака успех на Новата влада во Скопје.

Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на двете земји, напиша бугарскиот премиер на официјалната Фејсбук страница на Владата на Бугарија.

Бугарскиот премиер истакна дека ставот на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед Република Македонија е конзистентен и јасен. Според Петков, добрососедството може да донесе сериозни придобивки не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Кирил Петков и владина делегација предводена од него утре, 18 јануари 2022 година, ќе го посетат Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.