Обвинителството нема да го гони функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој пред една година ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова, која заедно со пајак-службата се обидела да го крене неговото непрописно паркирано возило. Oбвинителот констатирал дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворил постапката против Асани, јавува Макфакс.

Асани, по инцидентот даваше исказ во полициската станица Бит пазар.

Тогаш случајот се најде и во дневните билтени.

Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар Гоце Делчев и улица Филип Втори во Скопје, при подигање на патничко моторно возило „ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило „пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот – соопштија тогаш од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.